Навивачите на Беитар се чини никако не можат да се помират што раководните луѓе на клубот одлучија во јануарискиот преоден рок да донесат двајца фудбалерите со муслиманска вероисповед, Заур Садајев и Габриел Кадаиев, и двајцата од Чеченија.
Најновото незадоволство го искажаа на до сега невиден начин на фудбалските стадиони. Напаѓачот Садајев го постигна дебитанскиот гол против тимот на Макаби Нетанија, и додека славјето траеше, група од околу 300 навивачи во знак на протест решија да го напуштат стадионот.
Поголемиот дел од навивачите се израдуваа на голот, а откако Садајев беше заменет го испратија со овации на клупата. Асистент тренерот на Беитар, Јан Талешиков изјави дека го почитува секој играч без разлика на неговата вера, а според него вистински навивачи биле оние кои останале до крајот на мечот.
Инаку навивачите на Беитар Ерусалим кои се познати како екстремни десничари пред околу еден месец ги запалија просториите на клубот, како и собата со пехари. Само еден ден пред пожарот, четворица навивачи одговараат пред судските органи за расистички навреди кон двајцата играчи кои дојдоа од Чеченија.