Жестината на дерби натпреварите во светот најчесто се мери со тежината на локалниот ривалитет, различните бои, истории и идеологии. Во Израел се игра дерби со исклучиво националистички мотиви, а препирките стигнуваат и до парламентот.
Револтот на најекстремните навивачи на израелскиот клуб Беитар не престанува. По големиот број инциденти кои ги предизвикаа поради купувањето на двајцата муслимански фудбалери, тие покажаа нов начин на протест кон управата на клубот.