Фудбалерите на српскиот второлигаш Телеоптик за време на своите зимски подготовки во Анталија, решија малку да се забавуваат и по примерот на Манчестер Сити, Фулам, Свонси, Мајами Хит... и тие снимија „Харлем шејк" видео.
И додека клиповите на нивните колеги добија позитивни коментари, видеото на резервите на Партизан не беше прифатено толку добро.
Видеото најмалку им се доподна на тренерите и челниците на клубот кои веднаш по враќањето во Белград му ја одземаа капитенската лента на Матија Љујиќ.
Фудбалскиот клуб Телеоптик е филијала на Партизан каде актуелниот шампион на Србија ги праќа своите младинци за добивање на искуство пред да бидат промовирани во првиот тим.