Фудбал

Виси учеството на Монако во француската лига

Здружението на прволигаши во Франција на последното собрание воведе нов член во статутот, според кој од сезоната 2014/2015 во првата и втората француска лига ќе може да се натпреваруваат само екипи кои се наоѓаат на територијата на Франција.

Одложен натпревар заради превисок гол

Колку пати до сега сте слушнале како некој рекол „да беше голот поголем и Торес ќе постигнеше гол"? Токму тоа и се случи викендов во англиската 5-та лига. Стартот на еден натпревар беше одложен затоа што едниот гол бил „малку" повисок.

Како ќе изгледа Катар 2022

По сите оние негативни коментари за купувањето добивањето на организацијата на Светското фудбалско првенство во 2022-та година, Катарците решија да започнат кампања за промоција на својата земја и новитетите кои тие планираат да ги понудат за време на Мундијалот.

Протест на екипата „Едвај се собравме“

Терен без трева, буцкасти фудбалери, екипа „едвај се собравме" со само осум фудбалери... не, ова не е извештај за натпревар од македонски фудбал. Трагикомичната сцена се случи на нисколигашки натпревар во Италија.

Како германскиот фудбал произведува таленти

За разлика од нашата земја каде клубовите чекаат талентот да изникне сам по себе (затоа што нели Македонија е расадник на таленти), Германците со години инвестираат во развојот на младинскиот фудбал, а сега си ја земаат дивидендата.

Ривалдо за прв пат во второлигашко друштво

Легендарниот бразилски фудбалер кој за 4 дена ќе наполни 41 година, за прв во својата кариера ќе заигра во втора лига.

Што е со видот на судиите?

На кардиналните грешки на делителите на правдата изгледа дека им нема крај. Откако судиската четворка УЕФА пред неколку години ја засили со уште двајца арбитри, и тоа не помогна. Евидентните погрешни судиски одлуки честопати директно влијаат на конечниот резултат на мечот.

Збогување од соништата за швајцарската легенда

Александер Фреј, легендата на Базел и швајцарскиот фудбал, на 33-годишна возраст реши да ја заврши професионалната кариерата и тоа го направи на најдобар можен начин.

Очајно лош автогол

Марк ван дер Хорн од холандскиот тим Утрехт го избра најлошиот пат за расчистување на ситуацијата пред својот гол. Единствената утеха за неговата трагикомична грешка може да му биде тоа што немаше да смени многу и да не го дадеше, затоа што неговиот тим загуби од Аз Алкмар со 6:0. 

Барселона детално го шпиунирала Пике

За шпанскиот дефанзивец Каталонците знаеле колку пари фрлал на коцка, кога одел на концерти, со колку километри на час се возел и во колку часот разговарал на телефон.

Голот на викендот

Викендов на фудбалските терени во Европа беа постигнати стотици голови, но без конкуренција, најдобриот го постигна Јусеф Туту од данскиот клуб Есбјерг на натпреварот против Рандерс.

Пандев го сопре Милан

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев ја продолжи голгетерската форма во Серија А и го постигна единствениот погодок за Наполи со кој неговиот тим освои бод на гостувањето кај Милан.

Данок за странски тренер

Руската фудбалска федерација објави дека од јуни, сите клубови од оваа земја ќе треба да плаќаат дополнителен данок доколку имаат странски тренере. Да биде иронијата поголема, последните двајца селектори кои ги најми истата таа федерација се странци.

Голови на неделата

Во редовниот преглед на најдобрите голови на неделата, свое место си најдоа мајсториите на Игуаин, Менез, Швајнштајгер, Хернанес, Дрогба, Левандовски... Уживајте!

Берлускони сакал да го купи Интер

Запознав еден млад човек со одлични идеи кој се викаше Бернаскони, со него ќе направиме еден силен Интер, раскажал легенардниот адвокат Џузепе Приско, за заинтересираниот бизнисмен кој всушност бил Силвио Берлускони.

За бокс на судијата ќе паузира до 2015 година

Насилникот кој бил незадоволен од судиската одлука, на само 13 години се осмелил да го натепа судијата, но казната ја плати со забрана за играње фудбал од 2 години и 8 месеци.

Баерн-Барса и Дортмунд-Реал во полуфиналето

На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за полуфиналето на Лигата на шампиони. Руд ван Нистелрој ги извлече двојките Баерн Минхен - Барселона и Борусија Дортмунд - Реал Мадрид.

Базел-Челси и Фенер-Бенфика за финалето во ЛЕ

На извлекувањето во Нион беа одредени двојките од полуфиналето на Лига Европа каде ќе се сретнат Фенербахче-Бенфика и Базел-Челси.

ФК Луцерн избра тренер според фризурата

Џабе им се сите титули на Мурињо и Фергусон ако не се средени. Ако немаат добра фризура и ако не се бричени, тогаш тие нема шанси да бидат тренери на швајцарскиот прволигаш Луцерн чиј спонзор го вработи последниот тренер според неговиот изглед.

Челси, Бенфика, Фенербахче и Базел во 1/2-финалето

Негативата од два погодоци по првите натпревари која ја бркаа Рубин, Лацио и Њукасл се покажа како недостижна. На најинтересниот дуел во Базел, домаќините по изведувањето на пенали го елиминираа Тотенхем.

Навивачите го спасија Портсмут

По големата и долга неизвесност, како и патењето на најверните фанови, во Англија се случи најголемиот навивачки гест во историјата на фудбалот. Навивачите на Портсмут со свои пари го спасија поранешниот премиерлигаш и го вратија во живот.

Сите сме Бенфика

Фудбалскиот клуб Бенфика заедно со нивниот спонзор снимија одлично видео како дел од кампањата „Сите сме Бенфика" чија цел е доближување на клубот и играчите до навивачите.

Њукасл, Рубин и Лацио ќе бркаат негатива од два гола

Лигата на Европа вечерва ќе ги добие четирите екипи кои ќе ги оформат полуфиналените двојки. Со солидна преднот од првите дуели влегуваат три екипи, додека во Швајцарија се очекува да се одигра најинтересната и најнеизвесната битка по оние 2:2 во Лондон.

Најчудниот гол во историјата на фудбалот

Бразилецот Данило од екипата на КРАК на натпреварот од бразилскиот куп против Наутико го постигна најлудиот гол на сите времиња. Дури и стрелецот на голот не си го виде своето „ремек дело".