Фудбал

23 години од натпреварот кој ја разгори Југославија

На 13 мај во 1990-та година требаше да се одигра натпреварот помеѓу Динамо Загреб и белградска Црвена Звезда. Инцидентите кои се случија на овој натпреварот го означија почетокот на распадот на Југославија.

Навивачите на Бешикташ најгласни на светот

Се уште неофицијално и непотврдено од Гинисовата книга на рекорди, но навивачите на Бешикташ тврдат дека на последниот натпревар на стариот Инону стадион го срушиле претходниот светски рекорд на гласните навивачи на Галатасарај.

Жими мајка нема да мрднеш

Партнерот во нападот на Наполи на нашиот Пандев, Единсон Кавани нема лесно да си замине од Неапол. Најдобриот стрелец оваа сезона во Серија А со 28 гола, навивачите го сместија во кафез и му оставија малку храна и вода. 

Коентрао како непоканет гостин на клупата на Реал

Мурињо реши да одмори неколку фудбалери пред финалето од шпанскиот куп, а еден од оние кои воопшто не беше во комбинација за натпреварот против Еспањол беше и Фабио Коентрао. Но Португалецот се збуни и се појави на клупата за резервни фудбалери.

Офсајд лик на неделата: Марк ван Бомел

Кога ќе се спомене Марк ван Бомел, веднаш помислувате на груба игра. Холанѓанецот се потруди така да остане и запаметен откако заработи црвен картон на последниот натпревар од неговата кариера.

Продолжува лудилото во Чемпионшипот

Минатата недела пишавме дека англиската втора лига (Чемпионшип) е најлудата лига оваа сезона, а овој викенд тоа ни го потврдија и екипите на Вотфорд и Лестер. Гостинските фудбалери промашија пенал во 97-та, а домаќините се пласираа во финалето на плејофот со гол во 98-та минута.

Лужњики ќе го менува својот изглед

Вчерашниот меч од руското првенство помеѓу Спартак Москва и Крулиа Советов беше последниот фудбалски натпревар кој се одигра на големиот и познат стадион во Москва. За потребите на Светското фудбалско првенство во 2018 година домаќините решија да го реновираат Лужњики.

Фергусон кога Манчестер ќе прими гол

Освен по успесите, легендата Алекс Фергусон ќе остане запаметен по неговото константно проверување на часовникот, како и џвакањето на мастика. Еве една таква негова препознатлива ситуација.

Голови на неделата

И оваа недела уредниците на TVGOLO имале тешка задача за да ги изберат десетте најубави погодоци од изминатите седум денови, а како шлаг на тортата на крајот доаѓа мајсторијата на легендата Анри.

Пензионирањето на Ферги стигна до 5000 фунти

Навивачите на Вест Бромвич Албион очигледно дека го загубија осетот со парите. Вчерашните цени за последниот натпревар на Фергсуон од 3000 фунти веќе не важат, затоа што во препродажба, денеска се појавија нови суми кои не се забележани на црниот пазар ниту за едно финале од Лига на шампиони.

Шалке го трола Дортмунд со билборди на камион

Челниците на Шалке беа пресреќни по обновувањето на договорот со нивниот фудбалер Јулијан Дракслер па се пофалија со билборди на камиони кои кружеа околу стадионот на најголемиот ривал.

Скапо платен гол

Напаѓачот на Омија и голманот на Хирошима, скапо ја платија својата пожртвуваност на натпревар од јапонската лига. Двајцата итно беа префрлени во болница и за среќа поминале „само" со полесен потрес на мозокот.

Дриблинг од Америка до Бразил

Ричард Свонсон, вљубеник во трчањето, фудбалот и крајбрежјето на Тихиот океан, започна со една необична авантура. Со топка ќе си трчка нешто повеќе од една година за да стигне на време на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Израелски третолигаш стана хит во светскиот фудбал

Кога беше оформен Хапоел Катамон Ерусалим, многумина предвидуваа дека ќе постои само неколку месеци и никој не помисли дека за анти-расистичкиот третолигаш од Израел кој постои само 6 години и е во целосна сопственост на навивачите, денес ќе пишуваат сите светски медиуми.

Бејл ја патентира прославата

Главната ѕвезда на Тотенхем реши да ги заштити авторските права на начинот на кој ги прославува своите голови.

Наследникот на Фергусон е најдобриот тренер без трофеј

Во изминативе неколку денови се изначитавме и слушнавме безброј коментари за новиот тренер на Манчестер Јунајтед, посебно за неговиот празен плакар за трофеи, но недостигот на пехари не значи и дека тој е неуспешен. Дејвид Мојс е најдобрата замена за Алекс Фергусон.

Пољаците не го потценуваат купот

Освојувањето на националниот Куп не се смета за некој голем дострел, но така не мислат навивачите на Легија Варшава кои направија кореографија за паметење на финалниот меч против Сласк. Домаќините загубија со 1:0 пред својата фантастична публика, но поради победата од 2:0 на првиот дуел, на крајот го подиграа пехарот, вкупно 16ти. Сите претходни титули навивачите ги одбележаа со годините на освојување.

Манчестер Јунајтед го назначи Мојс за нов тренер

Започнува новата ера во Манчестер Јунајтед. Само еден ден по објавата на легендарниот Сер Алекс Фергусон за неговото пензионирање, 20-кратниот шампион на Англија потпиша 6-годишен договор со досегашниот тренер на Евертон, Дејвид Мојс.

1.065 голови на еден фудбалски натпревар

Аматерски фудбалски клубови од Англија поставија нов светски рекорд за најдолг фудбалски натпревар.

Последната желба на навивач на Ливерпул

Кладилницата Paddy Power продолжува со својот храбар и контроверзен маркетинг. Овој пат нивната целна група се навивачите на Ливерпул.

Полошо за Интер не можеше да биде

Пораз до пораз, рекорден број на повреди, повеќе примени голови од Палермо кој е со една нога во втора лига и единствен тим кој во 2013 година не примил гол на само 3 меча. Европскиот првак од пред 3 години ја игра најмалерозната и најлошата сезона во последните 14 години.

Пад од една позиција на ФИФА листата

По константното искачување на ФИФА ранг листата кое траеше 5 месеци, фудбалската репрезентација на Македонија втор месец по ред забележува пад и на последното издание на рангирањето се пласира на 84-та позиција.

Роналдо не мрда од Мадрид

По пензионирањето на Алекс Фергусон започнаа да се шират шпекулациите околу промените во тимот на Манчестер Јунајтед, а една од гласините е поврзана со враќањето на Кристијано Роналдо, но тој самиот ги демантираше овие гласини и тоа преку прослава на гол.

Специјална испорака од Ајакс

Фудбалерите на Ајакс ја осигураа 32-та титула во холандското првенство и оваа недела тие лично им испорачаа дресови на 32 навивачи кои први ги нарачале новите униформи за следната сезона.