Фудбал

Голчиште на Рикелме за елиминација на шампионот

Легендарниот Аргентинец Хуан Роман Рикелме игра во топ форма и на 34 години. По победата од 1:0 на домашен терен, екипата на Бока Јуниорс одигра 1:1 на гостувањето кај Коринтијанс со што го елиминираше актуелниот шампион од Копа Либертадорес. Голот на Бока беше ремек-дело на Рикелме.

На проколнатата Бенфика и требаат бајачки

Џабе им беа на фудбалерите на Бенфика сите напади и шанси против Челси кога овој тим е проколнат и тоа од својот најуспешен тренер во историјата, а оваа клетва ќе ги држи уште 49 години.

Челси е новиот шампион на Лига Европа

Челси стана првиот тим кој по освојувањето на Лигата на шампиони ја освои титулата и во Лига Европа. Проколнатите Португалци ја имаа иницијативата, но трофејот од финалето на Амстердам арената им припадна на лондонските „сини" со гол во 93-та минута.

Иднината на англискиот фудбал

Млад, брз и снаодлив. Крилото на Виган, Калум Мекманаман кој беше најдобар играч на финалниот меч од ФА Купот во кој аутсајдерите направија сензација и го посрамотија тимот на Манчестер Сити, се наметнува како еден од најталентираните играчи на островот.

Пандев најголем журкаџија во Неапол

Нашиот капитен беше еден од најрасположените фудбалери на големото славје на Наполи по изборувањето на пласманот во Лигата на шампионите. Погледнете ја атмосферата на Наполитанците на чело со Горан Пандев кои ги “ловеше“ веселите моменти.

Над 3 години затвор за помошникот на Конте

Италијанското обвинителство побара 3 години и 4 месеци затвор за Масимо Карера, заменик тренерот на италијанскиот шампион Јувентус, за убиство без умисла односно вмешаност во сообраќајна несреќа во која загинаа 2 девојки.

Челси брка историја против Бенфика

Долго критикуваниот стратег на „Сините" на вечерашниот финален меч од ЛЕ на Амстердам арената, со триумф ќе се обиде да им докаже на навивачите дека грешат со нивните протести против него. Бенфика е во обид да ја врати радоста на меѓународна сцена која им недостасува од 1962 година.

И Бразилците плаќаат да играат во репрезентација

Јавна тајна е дека во Македонија некои селектори си имаа тарифник за настап во национален тим, но колку за утеха, така правеле и поголемите фудбалски сили. Своето место во репрезентацијата си го купуваат дури и Бразилците.

Човекот што дриблаше го згази камион

Веста која планиравме да ја следиме и развиваме цела година ја затвораме за пет дена. Човекот кој со дриблање планираше да стигне на Светското првенство во Бразил го згази камион на автопат.

Навивачите се противат на “театарската“ атмосфера на стадионите

Според истражувањето на онлајн компанијата „Хет-трик" направена со повеќе од 1200 навивачи низ Европа, над 3 четвртини од анкетираните одговориле дека сакаат стоечки да присустуваат на фудбалските натпревари.

„Топџиите“ си ќарија пари од титулата на Барселона

Арсенал ќе добие 3,5 милиони фунти затоа што Барселона викендов ја завери титулата во шпанското првенство, а Хул Сити стана Премиерлигаш, еве зошто.

Ѕвездите на Реал Мадрид играа фудголф

Варан, Игуаин, Коентрао и Озил ги покажаа своите вештини во фудбал на голф терен. Инаку Footgolf е спорт во подем со неколку регистрирани официјални национални федерации, а веќе се има одиграно и едно Светско првенство.

„Не се тепајте, јас сакам да играм“

Алехандро Родригез Масиас има само 5 години, а веќе стана херој на интернет и тоа преку една фотографија на која ги брани вистинските вредности на грасрут фудбалот.

Пол Мекартни да го купи Евертон

По заминувањето на Дејвид Мојс кој за 11 години престој во Евертон одлично го водеше клубот и не дозволувше да падне во долниот дел од табелата, сега навивачите имаат и други маки. Евертон е на продажба, а тие бараат нов газда да биде поранешната ѕвезда на Битлси.

Нејмар е како „златна кокошка“

Многу спортисти заработуваат поголеми суми, имаат повеќе спонзори, продаваат повеќе дресови и брендирана опрема и се поголеми ѕвезди, но магазинот СпортсПро и Еуроспорт втора година по ред го прогласуваат Бразилецот Нејмар за маркетиншки најисплатлив спортист.

Бенфика ја доби првата битка со Челси

Четворица големи навивачи на двата финалисти од Лигата на Европа и двајца од најдобрите светски фудбалери во изведување акробации, одржаа интересна трка низ Амстердам како најава за утрешното финале. Португалците се покажаа како побрзи.

Реал и Атлетико ќе го играат најскапото финале

Реал Мадрид и градскиот ривал Атлетико во петок ќе се сретнат во финалето на Купот на Кралот кое ќе биде целосно распродадено и покрај тоа што е најскапо финале во историјата.

Ким Јонг Ун презеде норвешки прволигаш

Фудбалскиот клуб Хонефош презеде драстични мерки по разочарувачкиот старт на сезоната во норвешкото првенство. На чело на клубот застана севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Манчини доби отказ за годишнина

На 13 мај 2012-та година, Роберто Манчини ја освои титулата од Премиер лигата со Манчестер Сити, но откако пехарот се пресели кај ривалите од соседството, на 13 мај 2013-та година шеиците му дадоа шут-карта на италијанскиот стратег.

Минути на младиот Мекманаман

Не му е ниту помал брат, ниту син на поранешното брзо крило на Реал Мадрид и Ливерпул, Стив Мекманаман, туку се далечни роднини. Но според игрите на финалниот меч од ФА Купот помеѓу Манчестер Сити и Виган, изгледа дека ова 22 годишно момче е иднината на англискиот фудбал.

Пожртвуваноста на Видиќ

Некои фудбалери во ваква ситуација не би поставиле ни нога, а Видиќ тука интервенира со глава. Ете зошто Немања Видиќ важи за еден од најдобрите дефанзивци на светот и е капитен на четата на Алекс Фергусон.

Како аматерите од Виган си испишаа историја

Барака, 100 милиони фунти и ФА Куп. Тука лежи приказната за тимот кој од аматерски лиги стигна до освојување на најстарото фудбалско престижно натпреварување ФА Купот, во кое го совладаа богатиот Манчестер Сити и "го избркаа" Роберто Манчини.

23 години од натпреварот кој ја разгори Југославија

На 13 мај во 1990-та година требаше да се одигра натпреварот помеѓу Динамо Загреб и белградска Црвена Звезда. Инцидентите кои се случија на овој натпреварот го означија почетокот на распадот на Југославија.

Навивачите на Бешикташ најгласни на светот

Се уште неофицијално и непотврдено од Гинисовата книга на рекорди, но навивачите на Бешикташ тврдат дека на последниот натпревар на стариот Инону стадион го срушиле претходниот светски рекорд на гласните навивачи на Галатасарај.