Фудбал

Ел Класико лудница

Неверојатна битка во Мадрид полна со голови, пенали, спорни ситуации, наелектризирани моменти... Епско Ел Класико на кое Барселона славеше на Сантјаго Бернабеу со 3:4.

Најмалерозниот навивач во Лондон

Екипата на Арсенал беше демолирана на гостувањето кај Челси во лондонското дерби, а најлошо си помина еден гостински навивач на Стемфорд Бриџ.

Голови на неделата

Оваа недела помеѓу најдобрите десет голови се најдоа и ремек-делата на Пирло, Росицки, Хулк, Силва, Кварезма...

Викенд на фудбалски дербија

На оние кои им беше малку тридневната неделна понуда со фудбал во ЛШ и ЛЕ, нека се подготват за богатиот викенд во кој ќе гледаме од „Ел Класико“, потоа дуел помеѓу Венгер и Мурињо па се до интересната пресметка на „Филип Втори“ помеѓу Вардар и Шкендија.

Осумчлената олигaрхија во ЛШ

Откако е воведена осминафиналната фаза во ЛШ (2003/2004) за прв пат во топ 8 фазата се пласираа сите лидери од фазата по групи. 

Најдобрата мексиканска акција

Фудбалерите на Круз Азул направија интересна варијанта на тики така. Со шест прецизни додавања на прва во кои топката тапна само два пати, атрактивната акција ја крунисиаа со гол.

Најлошата репрезентација доби филм

Сигурно сте слушнале за рекордниот натпревар на кој Австралија ја победи репрезентацијата на Американска Самоа со 31:0. Инспирирани од неверојатната приказна на најлошата репрезентација на светот, двајца Англичани снимија документарец.

Илјадарката на Венгер и Фергусон

Долгогодишниот стратег на Арсенал одбележува јубилеј на тренерската функција кој го прави малку поуспешен од неговиот ривал.

Лион-Јуве и Порто-Севиља во Лига Европа

Одредени се и паровите од четврт-финалето на Лига Европа.

Реал-Дортмунд и Јунајтед-Баерн во четврт-финалето

На денешното извлекување беа одредени паровите за најсилната четврт-финална рунда во историјата на Лигата на шампиони, а најинтересни ќе бидат дуелите на титаните Реал Мадрид - Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед - Баерн Минхен.

Голот на Пандев недоволен за Наполи

Горан Пандев го доведе Наполи во водство, но веднаш откако ја напушти играта во 68-та минута, бродот на „Неаполитанците“ почна да тоне. Во четврт-финалето на Лига Европа покрај Порто се пласираа и Јувентус, Бенфика, АЗ Алкмар, Лион, Валенсија, Базел и Севиља.

Лигата на шампионите во бројки

Топ 16 фазата во најквалитетното клупско европско натпреварување се преполови. Во игра за трофејот останаа 8 екипи. Некои оваа сезона се борат за рекорди, други разочараа, а тимот кој има најголем посед на топка е фаворит за титулата.

Најдобрите 100 аматерски голови

Можеби ви изгледаат многу за гледање, но нема да ги осетите. Се работи за супер интересно клипче од 4 и нешто минути, со разни фанатици за фудбал кои шутираат со многу чудни фелшови. 

Фудбалско CV на тетоважа

Фудбалерот на Џенова, Даниеле Портанова посвети една тетоважа на клубовите чии бои ги има брането во кариерата.

Фудбалерите на Милан го кренаа гласот против Сидорф

Според „Газета дело Спорт“ во соблекувалната на Милан атмосферата е зовриена, а дел од играчите прстот го вперија кон тренерот кој го обвинуваат за 10 работи.

900 евра за карта за Ел Класико

Ако сега ви текне дека сакате во недела да го гледате дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона, на тапкарошите ќе треба да им платите од 300 до 900 евра.

Втора шанса за Наполитанците

Тимот на нашиот Горан Пандев бара голема поддршка на „Сан Паоло“ каде ќе се обиде да ја анулира минималната предност против реномираниот противник со богато педигре. Голема неизвеснот ќе гледаме и во Фиренца по оние 1:1 на првиот меч.

Ван Перси го сруши Олимпијакос

Конечно проработе машинеријата на англискиот шампион. Со хет-трикот на маестралниот Робин ван Перси, четата на Мојс успеа да ја анулира предноста од 2:0 од првиот меч и да патува во четврфиналето. Пирова победа за фудбалерите на Зенит од 2:1 во Дортмунд.

Борусија Дортмунд има најдобри навивачи

Според „FTB Pro“, сајт специјализиран за фудбалски фанови, навивачката група на „Милионерите“ е прогласена за најдобра во однос на нивната лојалност, кореографија и  големата бројка која доаѓа на стадион.

Мојс си тера исто како во Евертон

Можеби звучи неверојатно но статистиката на Евертон од лани под водство на Мојс и сегашната на Јунајтед се идентични. Освен за еден гол повеќе кој минатата година го примил неговиот тим по 29 кола во Премиер лигата, се друго е исто.

Пирло го брка рекордот на Михајловиќ

Махерот за слободи удари е на само три гола зад поранешниот српски репрезентативец кој се уште е на челната позиција во Серија А во оваа конкуренција.

Елиминација на Грците за спас на сезоната

Тимот на Дејвид Мојс кој остана без Лига и ФА купот, а има очајни резултати во домашното првенство е под притисок да брка негатива од 2:0 за пласман во четвртфинале во ЛШ. Борусија Дортмунд ќе има растеретен дуел против Зенит со предност од 4:2 од првиот дуел.

Најпопуларниот судија во Италија

Запознајте го најпосакуваниот судија во италијанскиот фудбал. Сите сакаат овој делител на правдата да им свири на натпревар

Челси ги скроти турските „лавови“

Четата на Мурињо без поголем отпор успеа да го совлада Галатасарај, а Реал Мадрид рутински го одработи реваншот против Шалке за пласман во четврфиналето на Лигата на шампиони.