Клосе ја спаси Германија и го стигна Роналдо

Продолжуваат изненадувањата на Мундијалот во Бразил. Фудбалерите на Гана и ги расипаа сметките на Германија која се надеваше дека вечерва ќе обезбеди виза за осминафинале и со борбена игра успеа да и откине бод. 

Група Г

Германија - Гана 2:2
Гетце 51` Клосе 71` -  Ају 54` Гуан 63`

Сите возбудувања во Форталеза се случуваа во вторите 45 минути во кои се играше супер интересен фудбал со четири постигнати голови. Гетце во 51 минута му донесе предност на својот тим, но упорните фудбалери на Гана не се откажаа и успеаа да ги шокираат избраниците на Лев со целосен пресврт за десетина минути. Напаѓачот на Лацио, Мирослав Клосе на 20 минути до крајот на средбата ги постави конечните 2:2 и го стигна Роналдо на листата на вечните стрелци на Светските првенства со 15 голови.

Група Ф

Аргентина – Иран 1:0
Меси 90'

Во групата Ф четирикратниот освојувач на „Златната топка" во последните мигови од средбата ја спаси својата земја од голем срам против аутсајдерот Иран кој во 88 минута пропушти колосална шанса за погодок. По истекот на регуларните 90 минути работите во свои раце ги презеде Лео Меси кој на велемајсторски начин и донесе победа на Аргентина која со 6 бода е сигурен патник во нокаут фазата.

 

21 јуни 2014 - 23:01