Скараџијата Фостер
Резервниот голман на англиската репрезентација е искусен готвач кој по завршувањето на колеџот работел во ресторан. Откако потпиша за ВБА, Фостер во дворот на својата куќа си изгради колиба со кујна и скара каде може на раат да ужива во неговото хоби. Англискиот репрезентативец поминува многу време во својата колиба, а крчкањето на месото му претставува задоволство и релаксација каде си го наоѓа мирот.
Фабрикантот Ламберт
Новиот член на Ливерпул, Рики Ламберт кој пред само неколку дена ги засили „Црвените“ од тимот на Саутемптон, додека играл за Маклсфилд Таун истовремено работел во фабрика за цвекло. Работата му било да ги затвора капаците на теглите, а за тоа заработувал 20 фунти дневно. „Во тоа време немав земено плата четири или пет месеци, па размислував да спечалам нешто надвор од терените. Ми беше многу тешко затоа што додека работев морав да размислувам и на тренинзите за кои патував по еден час и 15 минути во еден правец, но никогаш не помислив да се откажам од фудбалот. За Ламберт првиот повик во составот на Хоџсон беше незаборавен ден, затоа што тогаш му се роди третото дете“.
Привилегиите на Лампард
За разлика од многу негови врсници, Френк Лампард имал привилегија да оди во приватното училиште Brentwood School каде меѓудругото го изучувал фудбал и крикет. Неговите родители знаеле дека уште од мал сакал да стане фудбалер, но истовремено биле горди и на неговиот успех како ученик. Фудбалерот од средниот ред на Англија има диплома по латински јазик, но сепак го одбра фудбалот.
Ризикот на Лалана
Почетоците на фудбалерот на Саутемптон биле застрашувачки и неизвесни за неговата кариера. На само 18 години морал да прави операција затоа што му било откриено неправилно работење на срцето. „Тоа беше црн период во мојот живот. Имав операција од голем ризик која беше клучна за мојата иднина во фудбалот. За среќа сега сум тука, жив и здрав“.