Политичарот и правникот
Откако ќе ги земат во прв тим на околу 18 години, фудбалерите обично завршуваат средно и не ни помислуваат да продолжат со книгата. За двајца репрезентативци на Белгија, тоа не важи. Тие паралелно со топката нашле време и за студии. Фудбалерот на Ливерпул, Сајмон Мињоле има диплома по политички и општествени науки, а Николас Ломбертс од Зенит е дипломиран правник кој многу се интересира за берзата. Додека студирале и двајцата играле во белгиското првенство.
Астерикс и Обеликс
Даниел ван Бујтен е единствениот Белгиец кој има настапено на Светското првенство во 2002 година и единствениот кој има освоено Лига на шампиони. По големата ланска прослава со Баерн Минхен тој подигна банер на кој им оддаде почит на своите родители. Покрај тоа што е почитуван во тимот, тој е и голем шегаџија. Во баварскиот тим заедно со Рибери се познати како Астерикс и Обеликс, а кога на Оливер Кан му истурија кофа со вода, шегата не им успеа. Таткото на Ван Вујтен бил славен борач помеѓу 60-те и 80-те години и тој отсекогаш бил негов идол.
Заљубен во својот роден град
Тоби Алдервајрелд кој игра за Атлетико Мадрид има тетоважа од Пресвета Богородица во Антверпен на десната рака, затоа што се чувствува горд на својот град. „Кога имав 15 години се преселив во Амстердам за да му се приклучам на Ајакс, но отсекогаш сум го сакал мојот град и затоа сакав нешто од Антверпен блиску до мене. Катедралата доминира во хоризонтот на мојот живот и сè уште сум импресиониран кога влегувам таму. За мене тоа е музеј, а не црква и според мене најубавото место во градот. Тетоважата ми ја правеа во три сесии по три часа, болеше многу, но ја сум пресреќен за резултатот.
Бизнисменот Компани
Стоперот на Манчестер Сити за време на својата кариера успева да води и голем број на бизниси. Има акции во автомобилска компанија за лимузини, поседува фудбалски клуб во Брисел каде инвестира во младите и му помага на својот најдобар пријател за да отвори осигурителна компанија. Компани е ко-основач на Циркуз и на музичка и телевизиска продукција, како и газда на спортски барови во Брисел и Антверпен кои се викаат Good Kompany. Тој редовно учествува во многу хуманитарни акции, а водењето на овие бизниси ги изучува во Бизнис школата во Манчестер.