Гана фатена на дело како договара местенка

Селекцијата која викендов беше многу блиску до сензационална победа против Германија е првата земја за која изби скандал за местење натпревари за време на Мундијалот, но доказите не се однесуваат на меч од Светското.

Новинарите на Телеграф и Канал 4 кои шест месеци ја истражувале сторијата, објавија снимка на која претседателот на Фудбалската федерација на Гана заедно со акредитиран агент на ФИФА договараат зделка за да наместат натпревар.

На тајното видео кое не е поврзано со мечевите од Мундијалот во Бразил првиот човек на федерацијата на Гана зборува за местенка за сума од 100 илјади фунти во која треба да биде вклучен и судијата.

Ова може да претставува голем удар за Гана која се уште има шанси за пласман во нокаут фазата на Мундијалот.

23 јуни 2014 - 16:51