Група Ф
Нигерија - БиХ 1:0
Одемвинге 29`
Вториот патник во осминафиналето во Бразил од Групата Ф е репрезентацијата на Нигерија која со голот на Одемвинге во 29 минута од мечот славеше во клучниот меч за нокаут фазата. Натпреварот изобилуваше со многу удари во рамките на голот на двете страни, а Босанците може само да жалат за пропуштената шанса на Един Џеко кој не успеа да израмни во последните секунди од средбата.
Преходно судијата Питер О`Лири го оштети дебитантот на ова Светско првенство, откако му поништи чист гол на напаѓачот на Манчестер Сити.