Голеада на „Триколорите“ за осминафинале

Фудбалерите на Франција се најефикасниот тим во досегашниот дел на Мундијалот во Бразил. По трите голови против Хондурас, составот на Дидие Дешамп ја декласираше Швајцарија со 5:2 за пласман во нокаут фазата.

Група Е

Швајцарија - Франција 2:5
Џемаили 81` Џака 87` - Жури 17` Матуиди 18` Бензема 32` 67` Валбуена 40` Сисоко 73`

Французите фуриозно го започнаа мечот и со головите на Жури и Матуиди кои кои стрелаа за само две минути веќе имаа предност од 2:0 до 18 минута. Убедливите 0:3 на полувремето ги постави Валбуена, а само неколку минути претходно од белата точка непрецизно биеше Бензема. Напаѓачот на Реал Мадрид успеа да погоди во вториот дел, а по него петардата на Швајцарија ја запиша Сисоко. Џемаили и Џака ги постигнаа головите за поразениот тим.

Група Д

Италија - Коста Рика 0:1
Руис 44` 

Во групата на смртта најголемата сензација ја приреди селекцијата на Коста Рика која ја шокираше Италија со 1:0 и со тоа автоматски две велесили предревреме ќе си ги пакуваат куферите. Првата и дефинитивно е Англија која ги загуби и теоретските шанси за осминафинале, а вториот патник ќе се решава во директен дуел помеѓу Италија и Уругвај.  


20 јуни 2014 - 23:27