
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед сè уште нема одиграно ниту минута за својата земја на Мундијалот во Бразил, а местото во составот на Рој Хоџсон му го земаа и надвор од теренот.
Компанијата „Досерт“ изработи шолји со членовите на англиската селекција, а местото на Крис Смолинг го замени со американскиот претседател Барак Обама облечен во дрес. Гафот бил откриен во еден магацин каде биле испорачани 2.000 вакви сувенири.