Во јануари 2011. година преодниот рок во Европа се затвораше и нероаѕурите ја привршуваа позајмицата на Јапонецот од Чезена. Да стигне на време, Нагатомо тргнал со мотор за Милано.
Во топ 4 лигите во Европа зимава немаше изненадувања, ниту револуции и приматот го задржаа екипите кои предводени од Алегри, Анчелоти, Гвардиола и Мурињо неколку години владеат во домашните првенства.
Галатасарај и Ривер Плата одиграа пријателски натпревар кој со погодок во првото полувреме го отвори Горан Пандев. Аргентинскиот тим конечните 1:1 ги постави на две минути до крајот преку Диаз.
Граѓаните почнаа со Робињо за кого платија 32,5 милиони фунти и после него купија уште десет други играчи за нападот. Најскапо го платија Карлос Тевез, 47 милиони фунти.
Фудбалерот на Дортмунд во мај ќе ја објави својата животна приказна во автобиографијата, каде зборува за моментот кога видел како татко му ја убил неговата мајка, настан кој му го сменил животот.
Арсен Венгер изјави дека полскиот младински репрезентативец Кристијан Бјелик (17) е нов член на Арсенал. Игра на средината на теренот, а доаѓа од Легија Варшава за 2,5 милиони фунти.
Во јануари сега веќе пред две години, откако одби смалување на платата, црно-сините го продадоа Холанѓанецот во Галатасарај, а тој и пред сè жена му претходно преку Твитер ги прекинуваа сите шпекулации за тоа дали останува или оди.
Откако ја победија Палестина во првото коло на Азискиот Куп, Јапонците утринава со 1:0 го добија и Ирак и веќе имаат шест бодови. Натпреварот против денешниот противник го одбележи епското промашување на Кеисуке Хонда, кој претходно даде гол од пенал.
Геновева Ањонма два пати по ред е најдобар стрелец на Африканскиот Куп на нации за жени, но поради тоа имала големи проблеми, затоа што ја обвинувале дека е машко.
По крајот на актуелната сезона, големите европски тимови ќе се обидат да ги ангажираат: Дани Алвеш, Семи Кедира, Јевген Конопљанка, Андре Ајо и Џејмс Милнер, фудбалери на кои им завршуваат договорите, а нема да потпишуваат нови.
Данецот Торбен Акјаер добил отказ на Олд Трафорд, откако Гардијан откри негови расистички и фашистички испади по друштвените мрежи, каде го навредува исламот и емигрантите од источна Европа. Акјаер бил член на данската радикална партија.
На „Олд Трафорд“ беше во грч и под притисок од медиумите, но во Шпанија се опушти.. Иако синоќа на мечот против Виљареал доби црвен картон, си седна како гледач плус до навивачите од кои доби и закуска.
Легендарниот удар на Шаќири на кој Дејвид Симан леташе во празно, се случи во 2002 нa мечот Англија - Македонија 2.2. Сличен видео приказ, но на аматерски меч, со десна нога.
Во третото коло од ФА купот, Вест Хем го победи Евертон после 20 изведени пенали. На крајот решаваа двајцата голмани, а победникот го одлучи домашниот, Адријан. Шпанецот ги фрли ракавиците и во голем стил го совлада колегата од Евертон, за славје на Аптон Парк.
Од наредната година ФИФА нека размисли и за воведување на вакво признание. Изборот е секогаш голем, а за 2014-та ние одбравме тројца кои паѓаа по силниот удар од воздухот.
Марко Пароло ќе има многу за објаснување пред навивачите на Лацио. Пред стартот на неделното римско дерби, камерите го уловија како ги изговара зборовите од химната на Рома која во тој момент се пееше на трибините.
Во јануари 2001. година, младиот полушпиц на Интер отиде на позајмица во Бреша, екипа предводена од бардот Карло Мацоне кој му ја смени улогата и кариерата.
Новиот напаѓач на Меаца е уште еден од низата германски фудбалери кои го облекле дресот на миланскиот клуб. Месецов тој стана првиот Германец кој го засилил Интер, по 22 години.
Малиот коефициент во кладилница за победа на Роналдо, се покажа дека на апсолутниот фаворит нема да му избега одбраната на „Златната топка“. Најголема поддршка доби од Европа и Африка.
Клубот со една од најдобрите младински школи во Европа заедно со тренер што сака отворен фудбал е лидер во Лига 1 по 18. одиграни кола. ПСЖ и Монако се во сенка.
Португалскиот спортски канал Спорт ТВ го прикажа првото интервју со младиот Кристијано Роналдо, од времето кога најдобриот фудбалер на светот не возел Порше, Ферари и БМВ, туку користел градски превоз. Престојувал со цимери во интернатот на Спортинг Лисабон, од каде замина за Манчестер.