Златан, ова твое дете ли е?

Голот познат како шкорпион го усоврши и прослави најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ. Уште во раната младост во шведски Малме давал такви голови, а и подоцна за европските гиганти. Сега во Малме за шкорпион е задолжен Андерс Кристиансен кој така ја погоди мрежата против Сириус.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#Repost @fotbollskanalen • • • • • Det här målet av Anders Christiansen 🤯🤤

A post shared by Hakan Koçak (@hakanmemoriess) on

Натпреварот завршил 1:1 и после 17 кола Малме е прв со 36 бода, а Сириус 9-ти со 18 освоени бода. Ова бил 6-ти гол за Кристиансен во првенството. Најдобар стрелец на Малме е Маркус Розенберг со 7 гола. 

22 јули 2019 - 08:32