
Клубот се вика Урбан Титу и тоа е првиот романски клуб кој е распуштен во третата лига. Официјалната причина зад овој потег на управата на тимот се ужасните резултати оваа сезона.
Се работи за 5 порази на 5 натпревари, 18 примени и само 2 дадени гола. Конечната одлука е донесена откако Титу загуби од Конкордија 2 со 8:0, резултат кој се сметал за депресивен во клубот.
Инаку во последното соопштение на Титу стои дека најважните прашања поврзани со клубот сериозно се одразиле во резултатите од последните три сезони, потоа тука се сомневањата на јавното мислење во градот дека тимот е вклучен во местење на натпревари.
Романските медиуми пишуваат дека само дел од играчите се вклучени во такво нешто, а најголема врева се кренало за последниот пораз од 8:0, како и за уште меч на кој биле поразни 4:0.
Сите договори на играчите и членовите на стручниот штаб на Титу се раскинати и тимот повеќе нема да постои.
Ова се нивните пет последните резултати:
Две фотки од третата лига во Романија