Според германски Билд, трагедијата се случила во четвртокот на премин на железничка пруга. Миниванот, комбето на Алекс Манингер било удрено од воз. Брза помош веднаш дошла на местото на настанот, му пружиле прва помош на Алекс Манингер и му примениле дефибрилатор но не можеле да го спасат.
Машиновозачот и 25 патници во возот минале без повреди.
Во моментот на ударот Манингер бил сам во своето возило. Сега истрагата требад а покаже дали во време на ударот имало црвен сигнал на преминот.
„Благодарение на техничките карактеристики на автомобилите може со висока точност да се анализира електронското движење и согласно на тоа поведението на шоферот зад воланот“, рекол експертот Герхард Кронрајф кој ја водел истрагата по барање на обвинителството.
Поранешните соиграчи и клубови се простуваат од Манингер на социјалните мрежи.

Алекс Манингер беше познат голман и бранеше за 14 клуба во Европа меѓу кои Сиена, Фиорентина, Болоња, Бреша, Торино, Јувентус, Удинезе, Аугзбург, беше во Ливерпул кратко. Во март 1998-ма го прогласија за голман на месецот во Премиер лига.
Поранешните негови соиграчи како голманот Дејвид Симан изјавија дека Манингер бил голем другар и одличен голман за Арсенал со кого направил големи работи.
„Ужасна вест. Навистина е жално и тешко е да се разбере. Како и јас, беше рибар и поминувавме заедно многу време на езерата. Моите мисли се со неговите сопруга и младо семејство“.
Манингер остави голем белег и во Јувентус каде го заменуваше првиот голман Џанлуиџи Буфон, забележа 42 настапи и освои шампионско скудето во Италија. Во 2008-ма година Газета дело Спорт го прогласи Манингер за најдобар голман на полусезоната во Серија А. На крајот од сезоната 2012/2013 во германската Бундеслига Манингер му помогна на Аугзбург да остане во елитата. Одбрани пенал против Гројтерфурт, Аугзбург победи 3-1 и останаа во Бундеслига.
„Денес е ужасно тажен ден... Не остави не само голем спортист, туку и човек со ретки вредности: скромност, посветеност и професионална сериозност. Јувентус изразува сочувство и стои блиску неговото семејство во овие моменти на тага“, стои во објавата на Јувентус.
Со Манингер се простија и Тиери Анри, Џорџо Кјелини и многу други негови поранешни соиграчи и тренери....