Колку што фудбалската репрезентација на Кина не им носи радости на тамошните навивачи со бледите резултати, толку е голем интересот за фудбал со вештачка интелегенција. Играат роботи, 3 на 3 на терен со вештачка трева. Во Пекинг се играат Светски игри на хуманоидни роботи а турнирот во фудбал им е најинтересен и најпосетен.
Роботите се водени од стратегија на вештачка интелегенција без никаква интервенција или насочување од човек. Роботите играат со визуелни сензори и така ја препознаваат топката и движењето на теренот.