Валенсија до ДС Комикс: „Кога ние игравме со лилјак на грбот, вие уште бркавте бизони“

Најпознатата компанија за стрипови и слични медија, американската ДС Комикс упатила тужба за Валенсија до Канцеларијата за интелектуална сопственост во Европската унија.

Фудбалскиот клуб Валенсија на 18 март прослави 100 години од своето постоење. Најголемата гордост на истоимениот град, е основан во 1919 година, а по големата прослава на „Местаља“ и неколку големи манифестации низ градот, управата мораше да се оправа со американскиот гигант ДС Комикс поради наводно копирање на логото од најпознатиот светски суперхерој Бетмен, кој е нивен производ.

ДС Комикс лилјакот како симбол на Бетмен го користел од 1939 година, па чудно е како сметаат дека Валенсија го украла, кога Шпанците го користат од многу порано на својот грб.

Притоа лилјакот е симбол и на градот Валенсија уште од 13 век, така што правниот тим на ДС Комикс малку како да ја утнал работата.

ПРИКАЗНАТА ЗА ТОА ОД КОГА ЛИЛЈАКОТ СТОИ НА ГРБОТ НА ВАЛЕНСИЈА

„Кога овој тим веќе играше со лилјак на градите, (луѓето) во САД уште бркале бизони“, одговараат од Валенсија до ДС Комикс.

20 март 2019 - 08:49