Од каде и од кога потекнува прекарот на Валенсија - „лилјаци“?

Пишаниот збор често останува од колено на колено и тешко се менува. Во многу земји фудбалскиот клуб кој некогаш царуваше во Европа е поврзан со цицачот кој го има на својот грб и амблем. Но во Шпанија ретко кој ги вика така.

Валенсија не игра совршена сезона како лани, но во меѓувреме го победија Селтик на гости со 0-2 во првиот меч од нокаут фазата во Лига Европа, а во првенството иако се во долниот дел од табелата, заостануваат само шест бода од местото кое води во Лига на шампиони.

За лилјаците („слепи мишеви“) слушаме речиси во секој текст поврзан со Валенсија, иако вистината е дека ниту во градот, ниту во Шпанија никој овој клуб не го нарекува така. Скоро никаде во оваа земја не може да сретнете „лилјаци“ во наслов кога Валенсија игра некој натпревар.

Главниот историчар на фудбалот во овој преубав град, спортскиот новинар и автор на книгата за Валенсија, Пако Љорет вели:

„Лилјаците“ (los murciélagos) не е прекар за Валенсија. Клубот има многу прекари, но конкретно лилјаци во Шпанија не се викаат. Иако и клубот и градот е поврзан и тоа како со овие цицачи.“

ЛИЛЈАКОТ Е НА ГРБОТ НА МНОГУ ВАЛЕНСИСКИ КЛУБОВИ, ПА И НА ЛЕВАНТЕ

Во Валенсија, ликот на лилјакот е насекаде - на фасади од зградите, на канализациски шахти, во сувенирници, во продавници, и на трибините на „Местаља“.

Кога клубот прави нова презентација (на пример на нови дресови), секогаш има лилјак во спотот. Маскотата на Валенсија исто е лилјак кој пред натпреварите ги забавува децата и најмладите.

Ќе се запрепастите кога ќе видите дека лилјакот како симбол на својот амблем не го користи само Валенсија, туку и многу други клубови од овој регион (најголем реон на истокот од земјата).

****

Леванте, клубот од Валенсија за кој игра нашиот репрезентативец Енис Барди има прекар „жабите“ затоа што по Граѓанската војна во Шпанија нивниот стадион бил преплавен со жаби кои дошле од реката Турија и гракале.

Грбовите на клубовите Атлетико Сагунтино од третата шпанска лига Сегунда Б, и на Пусол:

ЗОШТО БАШ ЛИЛЈАЦИ?

Приврзаноста на градот Валенсија кон овие необични цицачи е поврзана со легенда:

Во 1238 година, Арагонскиот крал Хаиме I (во Валенсија и соседните градови многу административни зданија го носат неговото име), ја ослободил Валенсија од маврите кои користеле лилјаци во борба против досадните инсекти.

Особено проблем имале со комарците кои ги имало страшно многу во реонот на езерото Албуфера каде расте познатата валенсиска паеља.

Пред походот на Валенсија, некој пророк го предупредил кралот Хаиме: се додека лилјаците летаат над градот, маврите нема да победат.

Кога еден лилјак слетал над шаторот на Хаиме и тука свил гнездо, тој тоа го сметал за добар знак. Барал од народот да води сметка за овие животинчиња и да ги храни.

Скоро маврите неочекувано во рани зори го нападнале Хаиме, но лилјаците удирале со силните крилја по тапаните на неговите војници, Шпанците се разбудиле, го осуетиле нападот и го одбиле.

После оваа победа над маврите, целосно ја ослободиле Валенсија.

Легендата е интересна, но е предмет на дискусија во градот затоа што до крајот на 14 век, лилјаците не се појавувале на хералдиката на Валенсија. Во еден период управата на градот на грбот ставиле не лилјак, туку драконот кого го победил Свети Ѓорѓи.

Наскоро драконот го преобразиле во лилјак кој е честа појава во источна Шпанија.

Лилјакот на грбот на градот Валенсија се појавил во 1503 година.

Во однос на прекарот „лилјаци“, луѓето така ја викаат Валенсија иако во Шпанија тешко ќе сретнете некој да го именува овој клуб со овој надимак.

Слично е и со Реал Мадрид кој во повеќе земји е познат под прекарот „кралевите“, но во Шпанија баш ретко некој да ги нарекува така.

Валенсија во Шпанија често ја викаат Los ches = Equipo Che (екипата на командант Че). Во најславните денови на овој клуб на клупата седеше Ектор Купер кој во тоа време го викале El Che. Така што најчесто ќе ги сретнете како Los ches а не како los murciélagos.