Енке беше роден во 1977-та година, а кариерата ја започна во локалниот клуб од неговиот роден град, Јена. Во својата кариера бранеше на голот на Борусија Менхенгладбах, Бенфика, Барселона, Фенербахче и Тенерифе, а врвот го достигна во Хановер каде бранеше од 2004-та година.
Долго време беше капитен на Хановер и член на репрезентацијат на Германија, а селекторот Лев го планираше и за составот за Светското првенство во Јужна Африка.
Но тој црн 10 ноември 2009-та година Енке ја загуби долгата внатрешна битка со депресијата. Роберт Енке неколку години пател од депресија по смртта на неговата двегодишна ќерка во 2006-та година и на денешен ден пред три години тој си го одзеде животот фрлајќи се под воз во близината на Хановер.