Тешка мисија за домаќините Челси и Борусија

Жозе Мурињо нема да треба да стравува од најопасното оружје на Парижаните кој се повреди на првиот дуел, но неговиот тим е под притисок да брка 2:0 за полуфинале. Во уште понезавидна ситуација се „Милионерите“ кои ќе се молат повторно на ланските четири голови на Ледандовски. 

Челси – ПСЖ

- Единственото претходно соочување на овие две екипи во Лигата на шампионите се случи во групната фаза од 2004/2005. На првата средба во Париз, „Сините“ славеа со 3:0, додека во Лондон мечот заврши без голови.

- Челси триумфираше изминатово коло во Премиер лигата со 3:0 против Стоук, но се наоѓа во најлошата серија оваа сезона со три порази на последните шест средби.

- Со саботниот триумф над Реимс од 3:0, ПСЖ стигна до најдобрата клупска серија од 11 победи во низа на сите натпреварувања.

- Златан Ибрахимовиќ постигна 10 голови оваа сезона во ЛШ, а на последните 37 меча на сите клупски и репрезентативни натпревари постигна 41 гол, но тој се повреди на првиот дуел и нема да настапи вечерва.

- Тимот на Челси има примено само еден гол на последните пет мечеви на домашен терен од француски екипи, но овој пат им гостува тим која на последните четири гостувања во ЛШ постигна 14 голови.

Типстерите се убедени во победа на Челси.

Борусија Дортмунд – Реал Мадрид

- Фудбалерите на Борусија Дортмунд победија на само четири од последните 12 меча на домашен терен на сите натпреварувања.

- На 29 март Борусија против Штутгарт успеа по негатива од 2:0  да се врати со целосен пресврт и да триумфира со 3:2.

- По суспензијата од еден меч Роберт Левандовски се враќа во тимот, но овој пат поради казна ќе го нема Себастијан Кехл.

- Реал заедно со Атлетико се единствени екипи без пораз во ЛШ. „Кралевите“ имаат најдобра реализација од 32 голови, како и рекордна низа со постигнати голови на 34 меча во ова натпреварување.

- Минатото коло Кристијано Роналдо одбележа јубилејни 100 настапи во ЛШ и го постигна 14 гол оваа сезона, рекорд кој го постави Меси пред две сезони. До сега има вкупно 64 погодоци во најквалитетното клупско европско натпреварување.

Најголемиот дел од прогнозите се дека Реал повторно ќе триумфира.