Ачерби ја завршил хемотерапијата и се вратил на фудбалските терени. Од 4 октомври 2015-та без престан одигра дури 123 натпревари за Сасуоло во Серија А, на највисоко ниво.
И пазете, ниту еднаш не го заменија, ги одигра сите натпревари по 90 минути!
Во летото 2018 Ачерби потпиша договор со Лацио и премина на „Олимпико“ каде брзо стана стандарден првотимец и столб во одбраната.
За репрезентацијата на Италија дебитираше во ноември 2014, веднаш после дијагнозата за опасната болест. Франческо денес има веќе 4 настапи за Аѕурите, а последниот му беше на 8 септември во неделата, против Финска (1:2 за Италија).
Магазинот SportWeek го објави писмото кое Ачерби му го пишал на Синиша Михајловиќ. Тренерот на Болоња проаѓа низ терапија за излекување од леукемија. И покрај опасната болест, Србинот го водеше својот на почетокот од сезоната во Серија А. Во 3. коло Михајловиќ сепак нема да биде на клупата, зошто пак е легнат во болница, на хемотерапија.
„Драг Мистер, ние не се познаваме добро. Но сме се среќавале како противници. Секако, јас го видов вашето враќање на тренерската клупа и се видов себеси во вас. Како што претпоставувам знаете, јас исто прележав болест. Имав рак на тестисите, потоа рецидив во друг дел од телото. Имав операција и пет курса хемотерапија. Знам низ што проаѓа човек во таква ситуација, знам за што размислува и во моментот кога ќе ја слушне дијагнозата, и за време на терапијата.
Нема да ви кажувам баналности од типот „мора да имате сила и храброст“. Сила и храброст, колку што знам не ви фалат, не треба да потсеќам. Вие сте должни да продолжите да го правите тоа што го правите, да живеете тренерски живот, да бидете заедно со екипата, да ја тренирате, да ја гледате, да славите. Да поминувате време со семејството, зошто на вашата жена и деца им е тешко како и вам. Потребни сте им.
Слушнав дека многумина се изненадија од вашето појавување на мечевите. Мислам дека постапивте правилно. Истото би го направил и јас. Во време на болеста треба да се продолжи животот, тоа е најмоќен лек. Вие сте потресувачки пример за сите кои се во таква ситуација. Вие го правите тоа и за нив. Примерите за важни за тие кои страдаат во тишина и самотија. Кога ќе видат како се справува Синиша Михајловиќ, може да им биде корисно на многу луѓе.
Не треба да се соблазнува човек во кревет или на двосед. Неопходно е да стане и да оди. Знам дека не е лесно. Хемијата те ослабнува, пројдов низ тоа. Не сакав да јадам, не чувствував глад, не можев да одам до тоалет. Ми опадна косата, ослабнав, не го препознавав своето тело, бев болен. Но еднаш сфатив дека многу зависи од ставот.
Скокав лекарства, не ги пиев редовно, и кога докторот ми кажа дека грешам, се откажав од лековите и ми стана подобро. Тогаш сфатив дека решението на многу проблеми е во главата.
Разбирам дека не е лесно нималку, но неопходно е да не се предава човек и просто да живее. Од рак може да се излечи. За жал, не им успева на сите. Но ситуацијата се менува на подобро, многумина оздравуваат. Не плашете се.
Кога ти кажуваат дека си оболел, тоа е како да те фрлаат во јама. Но после падот следува подем. Јас го имав. Велат дека ракот ги прави луѓето подобри. Ракот мрази кога го избегнуваат. Но погледот на светот се менува, вистина е.
Се менува карактер, се менуваат навики, однос. Јас се сменив. Не дознав сам, ама ми кажаа. Претходно се нервирав за ситници, сега спокојно расудувам. Во што е проблемот? Како да се реши? Разгледувам. Не сакам да губам време на глупости.
Кога се излечив, ме викнаа од болницата да поразговарам со тие кои се борат. Мислам дека и вас ќе ве повикаат. Јас сум интровертен, не сакам да зборувам зо непознати. Но сега трчам на првиот повик, особено ако се работи за болни деца. За жал, некои од нив веќе се на небесата, но засекогаш ќе бидат со мене. Секоја вечер се молам за нив, тие се мои ангели.
Драг мистер, ви закажувам средба на почетокот на октомври, на мечот Болоња - Лацио. Вие бевте симбол на Лацио. Тој ден ќе ве гушнам силно, нема да зборувам многу и ќе играме фудбал. Држете се, мистер! До скоро. Се гледаме на терен.