Таг: франческо ачерби

Интересна сцена на крај меѓу Халанд и Ачерби

Иако има 36 години, Франческо Ачерби успеа да го сопре 12 години помладиот и моќен Ерлинг Халанд. Се помајтапија на крај. Халанд: „Знам дека ми го сакаш дресот, постојано ми го тегнеше во игра“. Ачерби: „Два сакам“. Халанд: „Два? Абе оди еби се“.

Не биле само Наполитанците луди по фудбал

И? Стаса ли дома Ачерби или уште е пред Џузепе Меаца?

Валкан потег на Ачерби

Интер со вкупни 3:0 го елиминираше Милан и обезбеди прво финале во ЛШ по пауза од 13 години. Големи пофалби за цврстата игра во одбрана одат на адреса кај искусниот Франческо Ачерби, кој сепак остави и лош впечаток откако камерите го уловија како намерно го гази Тонали.

Ачерби со лудачки лоб со глава го измами Буфон за победа во 110 минута

Интер и Парма одиграа супер интересно осминафинале во Купот на Италија кој го реши дефанзивецот Франческо Ачерби со невообичаен гол со глава. Гостите отворија со голчиштето на Хрватот Станко Јуриќ во првиот дел, а мечот во продолженија го однесе Лаутаро Мартинез дури во 88-ма минута.

Ачерби, дечко, ти си луд

Фудбалерите на Лацио со 4-0 го потопија Торино и ја продолжија добрата серија без пораз. Во првите 25 минути „бјанкочелестите“ кружеа околу противничкиот гол, па на Ачерби како да му збогтиса и реши да распали со левицата од 35-36 метри.

Стоперот на Италија кој се излекува од рак, му напиша отворено писмо на Михајловиќ

Во 2013-та на Франческо Ачерби му дијагностицирале рак на тестисите. Стоперот бил на операција, но после една година се случил рецидив, односно болеста се повратила. Решил да се бори храбро и еве го стана стандарден репрезентативец на Италија.

12-ти играч на Лацио против Јуве ќе биде играч кој ќе се измеша меѓу ултрасите

Јунакот кој не знае за одмор од октомври 2015-та и кој од тогаш е на терен по 90 минути и тоа со два пати преживеан рак, ја завршува импресивната серија со која му се доближи на Занети. И тоа не по негова вина, туку поради судиски превид.

Гладијаторот кој игра фудбал 13.000 минути без престан

Заморот е нешто на што ние фудбалерите не би смееле ниту да помислиме, вели човекот кој и пркосеше на најопасната болест (два пати) и кој го брка рекордот на Хавиер Занети.

Јунакот кој одигра 100 фудбалски мечеви по ред после победен рак

Дефанзивецот на Сасуоло, Франческо Ачерби ја одигра секоја минута на секој меч од 18 октомври 2015-та без да биде заменет, повреден, суспендиран или тргнат од тим. Можеби ова немаше да звучи сензационално ако не знаевте дека претходно излечил рак на тестиси.

Зошто никогаш не треба да се предаваш

„Пред да умрам сакам да те видам во Серија А“, му рекол таткото на Франческо Ачерби, италијански репрезентативец и доскорешен фудбалер на Милан кој имаше рак на тестиси, падна на допинг-контрола поради хемотерапија, боледуваше со грбот, но стана и стигна до 100-от настап во Серија А.