Лацио во неделата загуби на гостувањето во Неапол со 2:1, натпревар по кој гостите си заминаа оштетени и разочарани од судијата Роки на кои му изброија 17 црвени картони кои ги дал на нивни играчи на 36 средби.
За споредба на Интер, Рома и Наполи им дал по 8, на Торино 6, на Милан и Аталанта по 5.
17-от фудбалер на Лацио кој го брка Роки е Франческо Ачерби. Му даде втор жолт картон за непостоечки фаул, бидејќи добро се гледа на видеово дека тој ја удира топката, а не Калехон.
Doppio giallo inesistente per @Acerbi_Fra che come si vede prende nettamente il pallone #NapoliLazio @laziopress pic.twitter.com/MJKED07XVE
— Patrizio Pasqualini (@Patrytredici) January 20, 2019
Бадијала беа протестите и на играчите и на Симоне Инѕаги кој на најтешкиот меч следно коло против лидерот Јуве ќе го нема во состав командантот во одбраната.
„Жал ми е за поразот бидејќи намаливме на 2:1, а имаше уште 25 минути до крај. Ачерби имаше чист старт на топка и дури потоа можеби го удри противникот“.
За неправдата да биде уште поголема, Франческо Ачерби поради судиска грешка прекинува серија за паметење од 148 натпревари во низа кои ги игра по 90 минути, почнувајќи од 18 октомври 2015-та до 20-ти ноември 2019. Само Хавиер Занети има повеќе од него, а тоа се 162.
„Фудбалот ми е работа и страст, ме плаќаат за тоа и зарем треба да одбијам? Јас не се чувствувам уморен, играм фудбал, не работам во фабрика по 8 часа на ден. Заморот е работа, која ние фудбалерите не треба ниту да ја спомнеме“, изјави неодамна гладијаторот од Рим кој два пати го победи ракот и се врати посилен и поиздржлив на терен.
По разочарувачкиот црвен картон, Ачерби имаше пост на Инстаграм со изненадувачки крај.
„Жал ми е што ќе испуштам важен меч против Јувентус. Но животот ме научи веднаш да се подигнувам и тоа ќе го направам и овој пат. Во недела, заедно со навивачите ќе бидам 12-ти играч на терен“.
Навивачите на Лацио го поканија стоперот на Лацио на биде на Курва Норд заедно со нив, а тој поканата ја прифатил со срце.