Поради многуте натписи, на Спарси им дојде преку глава па испратија писмо до претседателот на УЕФА и побараа да им каже на челните луѓе на Кралскиот тим да престанат да зборуваат за него и да кројат тактика за да го купат. Меѓу другото тие го прашаа Мишел Платини како може Реал Мадрид да потроши 85 милиони фунти за еден играч, а истовремено да ги исполнува условите кои се налагаат со финансискиот фер плеј.