Спалети: Ким има одличен квалитет, а Елмас е сјајот во моите очи

Додека во Катар се игра Светско, клубовите мора да бидат во добра кондиција за новите предизвици во јануари. Наполитанците се на подготовки во Анталија со играчите кои не се ангажирани за репрезентација. 

Во пресрет на пријателскиот дуел меѓу Анталијаспор и Наполи, Лучано Спалети даде интервју за турските медиуми.

Меѓу темите за кои зборуваше е и македонското засилување од Фенербахче, кое веќе четврта сезона се истакнува со добри игри во Италија.

И покрај тоа што не добива голема минутажа и обично влегува како резерва во второ полувреме, Спалети по кој знае кој пат издвојува прекрасни зборови за Елмас.

„Извонреден играч кој е способен да игра во многу различни улоги и да решава натпревари дури и ако влезе на 10 минути до крај. Што и да донесе иднината, тој ќе остане светлината во моите очи“, изјави италијанскиот стратег.

За Ким Мин Јае кој со Јужна Кореја стигна до осминафинале во Катар:

„По заминувањето на Кулибали, моравме да ангажираме голем играч за да ја пополни празнината во одбрана. Кога го видов Ким Мин Јае за кратко време статив дека има одличен квалитет“.

Го прашаа и дали би работел во Турција.

„Се работи за првенство кое е многу повеќе од еволуирање. Има многу таленти за негување и пред сè квалитет. Не случајно многу важни тренерски имиња дојдоа тука. Има дури тројца Италијанци, Андреа Пирло, Винченцо Монтела и Франческо Фариоли. Еден ден би сакал да бидам тренер во Турција, зошто да не?“

Следниот меч на Наполи после паузата, кој гази без пораз после 15 кола во Серија А е на 4 јануари против Интер на гости.

7 декември 2022 - 15:19