Со 16 години стана најмладиот стрелец на Ајакс

Гигантот од Амстердам е познат по најдобрата фудбалска академија/школа на светот. Непресушен извор на таленти од век векови. Во средата вечер Ајакс во 1/8 финалето на холандскиот Куп со 7-0 го совлада третолигашот Спакенбург. Последниот гол на мечот, од пенал, го даде Наџи Унувар кој со 16 години и 223 дена стана најмладиот стрелец во историјата на Ајакс.

Наџи влегол во игра во последните 15 минути. Над него е направен пеналот.

„Веднаш го прашав Клас-Јан Хунтелар дали може да го изведам, зошто нормално е тој да го шутира. Прекрасно е што сите ме пуштија и среќно заврши. Голманот тргна во друга страна“, рекол Наџи за Fox Sports Netherlands.

Наџи е роден во Холандија, потекнува од турско семејство, но веќе игра за Холандија У-17. 

23 јануари 2020 - 12:17