Мојот матичен лекар: ЧетГПТ

Три дена подоцна, отидов кај лекарот. Ме праша што е проблемот. Му реков дека мојот физиотерапевт ми препорача да дојдам, ми спомна дека можеби имам синдром на кубитален тунел синдром и дека треба да направам електромиографија. Искрено, ми беше срам да признаам дека сум дојден по препорака на вештачка интелигенција.

Повеќе од година ипол имам болки во десната рака и никако да добијам соодветна дијагноза.

Пред неколку дена, пробав нешто просто: направив пар фотографии од раката, со пенкало ги обележав местата што ме болат и му ги покажав на ChatGPT o3.

Можна дијагноза? Синдром на кубитален тунел.

Моето следно прашање беше како можам тоа да го потврдам. Ми испрати линк до лекар, конкретен лекар, од мојот град, и ми предложи да направам електромиографија.

Три дена подоцна, отидов кај лекарот. Ме праша што е проблемот. Му реков дека мојот физиотерапевт ми препорача да дојдам, ми спомна дека можеби имам синдром на кубитален тунел синдром и дека треба да направам ЕМГ (искрено, ми беше срам да признаам дека тоа ми го кажа вештачка интелигенција).

Докторот го направи тестот и - дијагнозата на ЧетГПТ беше точна. Имам синдром на кубитален тунел.

Откако докторот ми ја даде дијагнозата и извештајот, прашав: „Добро, што се прави сега?“ Во основа ми рече: „Само одмори се“... Да, а? Тоа е сè?

Го прикачив целиот ПДФ извештај на ЧетГПТ, сега кога му верувам уште повеќе, и тој ми даде комплетен годишен план за закрепнување, недела по недела: сè, од вежби што треба да ги следам на Јутјуб до препорачани витамини и лекови за овој проблем.

Сепак проверив уште еднаш со еден пријател доктор, и тој рече дека препораки се 100% совршени.

Какво време да се биде жив!

Хави Лопез, на Икс

4 јуни 2025 - 16:15