Иако најмногу пехари од Гренд Слемовите има од Вимблдон, Новак Ѓоковиќ има некоја убава поврзаност со Ролан Гарос и тамошната публика. Синоќа по врвниот меч против Александар Зверев кого го победи 3-1 во сетови и се пласираше во полуфинале, илјадници навивачи му го скандираа името.