Голем срам на хуманитарен меч, се степаа Роберт Пирес и Тео Загоракис

По повод големиот јубилеј 21 година од сензационалниот триумф на Европско првенство 2004 кога Грција го шокираше светот со освоено злато, Грчката фудбалска федерација организирала ревијален натпревар во Солун од хуман карактер, средствата од продадени карти да одат на сметка на Здружението на родители на деца со тешки заболувања во северна Грција. Но натпреварот на полупразната „Тумба“ го одбележил срамен инцидент.

Играле легендите на Грција од 2004-та против Ѕвезди на УЕФА.

Легендата на Арсенал и репрезентацијата на Франција Роберт Пирес во еден момент стартувал погрубо над капитенот на Грција од 2004-та Теодоракис Загоракис кој ни две ни три му се пуштил и го удрил по главата.

 

5 јуни 2025 - 10:54