Што нè чека до крајот на Европското?

Иако постоеше сомнеж како ќе изгледа замислата на УЕФА континенталното првенство да се игра во 12 града, се испостави дека таквиот ризик се исплател и гледаме фантастично Европско првенство.

Дебитантскиот настап на Македонија на едно големо натпреварување и неколку врвни натпревари на топ репрезентациите го направија летото 2021 уште поинтересно.

Видовме преубави голови, многу шанси, занимливости, рекорден број автоголови, неизвесни драми и што е најважно трибини полни со навивачи - нешто што беше незамисливо пред една година.

Сега до крајот на Европското останува да се одиграат уште 7 меча и тоа по следна хронологија:

1/4 финале

1) ШПАНИЈА - ШВАЈЦАРИЈА, 2 јули 18:00 часот, Санкт Петербург

2) ИТАЛИЈА - БЕЛГИЈА, 2 јули 21:00, Минхен

3) ДАНСКА - ЧЕШКА, 3 јули 18:00, Баку

4) АНГЛИЈА - УКРАИНА, 3 јули 21:00, Рим

1/2 финале

ШПАНИЈА/ШВАЈЦАРИЈА - ИТАЛИЈА/БЕЛГИЈА, 6 јули 21:00, Лондон
ДАНСКА/ЧЕШКА - АНГЛИЈА/УКРАИНА, 7 јули 21:00, Лондон

Финале

11 јули 21:00, Лондон.