Премиер лигата е дом на најстариот и најмладиот тренер од сите 98 тренери на екипите од големата петорка. Алекс Фергусон има 70 години, а Андре Вилаш Боаш е најмлад со 35 години.
Од овие 98 тренери, 97 се бели, а само еден е црнец - Крис Хјутон, тренерот на Норич.
Во Премиер лигата има и најмногу тренери од различни држави - дури 11, но само четворица се Англичани. Во Франција пак 19 од 20 се Французи, а единствениот странец е Карло Анчелоти.
Најмладите тренери во просек се во Шпанија (48,15 години), а најстарите во Англија (50,15). Просекот на сите тренери е 49 години, колку што има Мурињо.
Најмногу од тренерите кои работат во овие лиги се од Италија и Франци (по 21), следи Германија со 15, Шпанија 13 и Англија со 4.