Како што може да се забележи, нема големи разлики помеѓу старото и новото лого на тимот од главниот град од Италија.
На досегашното лого клубот ја користеше кратенката „ASR“, а наместо тоа сега стои само името на клубот кое е идентично со името на градот Рим.
На горниот дел од логото остануваат „Римската волчица“, која е и прекар на тимот, заедно со браќата Ромул и Рем.
Со оглед на тоа што клубот без никаква кратенка сега го користи истиот назив на градот кој на италијански се изговара „Roma", за очекување е да има реакции од навивачите на Лацио.