Диего Симеоне беше играч на Атлетико Мадрид во два наврати (1994–1997) и (2003–2005), а Пеп Гвардиола беше член на Барселона 11 години (1990–2001). Пеп vs Диего во трофеи како играчи на овие екипи е 16:2, но во финале отиде Симеоне кој ќе игра второ финале во ЛШ како тренер на Атлетико, а Гвардиола со Баерн три сезони по ред се сопнува во полуфинале.
Муабетот ни е дека фудбалот станува многу повозбудлив со мечеви како синоќешниот во Минхен и понеизвесен со приказни како Лестер и Атлетико Мадрид кои не се фаворити за трофеи само на хартија.