Церемонијата ја водеше Џорџо Маркети генералниот секретар на УЕФА а Ерик Абидал, амбасадорот на Лига Европа ги мешаше и ги извлече следните парови:
РБ ЛАЈПЦИГ - ОЛИМПИК МАРСЕЈ
АРСЕНАЛ - ЦСКА МОСКВА
АТЛЕТИКО МАДРИД - СПОРТИНГ
ЛАЦИО - САЛЦБУРГ
Првите мечеви се на 5. април а реваншите на 12. април.
Ждрепката се извлекуваше без носители така што сите кугли беа во ист шешир. Овојпат недостасуваа актуелниот сопственик на трофејот Манчестер Јунајтед, кој играше и испадна од Лига на шампиони, како и клубот на чиј стадион ќе се игра финалето и кој толку го сонуваше пехарот, Лион.
Ждрепката за полуфинале во Лига Европа ќе се одржи на 13. април. Дуелите од полуфинале ќе се играат на 26. април и 3. мај а финалето е закажано за среда, 16. мај на „Стад де Лион“ во Лион.