Бјорн Кујперс два пати му судел на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Првиот пат пред две сезони кога „Кралевите“ ремизираа против ЦСКА Москва 1:1, а минатата сезона со него им се случи дебакл во полуфиналниот меч кога загубија од Борусија Дортмунд со 4:1.
Другиот финалист, тимот на Атлетико Мадрид има само едно искуство со Холанѓанецот, а тоа се случи во групната фаза од ЛШ, кога Шпанците одиграа 2:2 против Челси.
За Кујперс ова ќе биде прво финале во најеминентното клупско европско натпреварување. Тој до сега има судено три финалиња. Ланското во Лига Европа, потоа Европскиот Супер Куп во 2011/2012 и дуелот помеѓу Бразил и Шпанија во Купот на Конфедерации минатото лето.