Роман Абрамович во 2003. година го купи Челси за 59 милиони фунти. Под негова палка, сините освоија 14 пехари, а тој потроши преку една милијарда фунти за нови засилувања. Освен што потроши нереална сума на пари, Абрамович целосно ја смени и фудбалска Англија.
Пионер меѓу магнатите, Русинот во Челси донесе пари, но и нешто друго: Во 2003. година му го украде Питер Кенион на Манчестер Јунајтед и покажа дека не е тврдоглав како другите сопственици на клубови. Кој е најдобар во управување со фудбалски клуб? Го земам. Со тој потег, Абрамович покажа одговорност и почит кон улогите во Челси, затоа што голови не се даваат само на теренот.
Ниту еден клуб во Англија нема поголем успех од Абрамович. На Стемфорд Бриџ ја донесе титулата за првпат после 50 години, со Мурињо на клупата. Челси под негово водство уште два пати завршуваше како прв на крајот од сезоната. Потоа тргна во поход на Европа, опсесија најдобро видлива преку потрошените милијарда евра. Во 2007-ма му избега ЛШ со Аврам Грант во Москва, но ја освои пет години подоцна со Ди Матео во Минхен.
Колку Абрамович е посветен на Челси покажува и податокот што се обидува во Хајд Парк, приватен парк на кралицата да изгради нов спортски центар. Челси претходно со Кејн Бејтс како претседател тренираше на универзитетот Харлингтон, на простор од едвај 110 метри.
Откако ја освои и Лигата на Европа во 2012. година со Бенитез, Абрамович сфати дека да оди напред, мора да се врати неколку чекори назад. Го врати Мурињо и уште еднаш ги испочитува улогите, затоа што му дозволи на Специјалниот сам да си го составува тимот. Несвојствено за богатите газди ширум Европа. Последниот, 14-ти трофеј стигна минатата недела, во Лига купот против Тотенхем на Вембли. Роман славеше од трибините, како што прави секогаш.
Оние кои го познаваат добро, за него велат дека е многу повлечен и тивок човек, на граница на срамежливост. Дава малку интервјуа и ретко се појавува во јавност за 10 години како сопственик на Челси, а на навивачите често им се заблагодарува преку видео порака.