14 февруари 2018-та носи еден интересен, за некои можеби очекуван, а за други неочекуван податок кој гласи вака:
Денеска изминуваат точно 2 години откако е досуден последниот пенал против Барселона во Ла Лига.
Да, две години или поточно 730 дена ниту еден судија од Шпанија не досудил удар од белата точка против Каталонците.
Последниот играч кој шутирал пенал против Барса во првенство е Швеѓанецот Џон Гвидети на дуелот Барселона - Селта 6:1.