ПОСЕДОТ НА ТОПКА НЕ ЗНАЧИ НИШТО АКО НЕ ПОСТИГНЕШ ГОЛ
Кога ќе се погледне поседот на топката во статистиката од овој меч, изгледа Баерн Минхен како да играл со некоја од малите екипи од Бундеслигата. 67% посед на топка за Баерн Минхен, 33% за Атлетико Мадрид. Но табелата каде стојат ударите кон гол кажува нешто друго. Баерн има 15 удари, Атлетико 16. Тоа е лекција која ја научивме од правилото на Пеп кој три години го водеше клубот: поседот за доброто на топката не ти купува ништо, посебно против топ тим.
БЕШЕ ЛИ ВАДЕЊЕТО НА АЛКАНТАРА ВИСТИНСКИОТ ПОТЕГ?
Во второ полувреме откако Карло сфати дека се потребни свежи играчи на терен, почна со измени. Влезе Робен место Милер за да игра како крило, а во одбрана Хумелс го замени со не целосно опоравениот Боатенг. Додека овие две измени имаа смисла (и покрај тоа што Милер никогаш не го вадат), одлуката да го извади Тијаго Алкантара за Кимик беше малку збунувачка. Шпанецот беше веројатно најдобриот играч во тие моменти и главната креативна сила во нападот на Баерн. Повеќе ќе имаше логика да го извади воинот од среден ред, Артуро Видал, бидејќи во тие моменти Баерн се трудеше да постигне гол и не се обидуваше да ја затвори играта. На крајот, Кимик не придонесе многу, а Видал направи многу глупав пенал и набргу после тоа доби жолт картон.
ДАЛИ АТЛЕТИКО НАВИСТИНА САКАШЕ ТЕРЕНОТ ДА БИДЕ ЛИЗГАВ?
Ова во никој случај не може да биде изговор за поразот на Баерн Минхен, но теренот на Винсенте Калдерон изгледаше малку лизгав. Тоа го предизвика лизгањето на Боатенг во клучен момент што доведе до решавачкиот гол на Атлетико, а предизвика и низа проблеми кај играчите кои се бореа да останат на нозе. Лизгањето спречи и гол на мечот, а тоа се случи кога Торес падна и ја погоди пречката на два метри пред голот. Останува да лебди прашањето дали Атлетико премногу долго го наводнуваше теренот или тоа беше само случајност.
ДА ГИ СОПРЕМЕ СОПИРАЧКИТЕ ВО РАНАТА ЕУФОРИЈА
Мајка ми имаше една изрека на руски, „во секое време и секаде нешто лошо се случува“. Грубо преведено „Нешто кога се случува, се случува за подобро“, што во суштина е исто со она „Се се случува со причина“. За жал таа го користи во секое време, но можеби е во право, барем во случајов. Откако ја почна сезоната со рекорден број на победи, Карло Анчелоти го издигнаа високо во небото како гениј и некои луѓе веќе сонуваа дека Баерн ќе стигне до тројна круна. Но треба да се почека како ќе му оди понатаму и да потсетиме дека на пример во полуфиналето на Лигата на шампиони се пласираат многу добри екипи, а убавата игра во фудбалот не е секогаш доволна ако не си конкретен во противничкиот гол.
НА БАЕРН МУ ТРЕБА ПОБЕДА ВО МИНХЕН АКО САКААТ ДА БИДАТ ПРВИ ВО ГРУПА
Ова можеби е очигледно, но со синоќешниот резултат и очекувањето дека Баерн и Атлетико сега ќе се погрижат за бодови против ПСВ и Ростов, победникот во групата ќе се одлучува на нивниот реванш на Алијанц арена. Ништо друго освен победа го носи на второ место во групата, а тоа значи потежок противник во осминафиналето што му го отежнува патот до финале. Да се надеваме дека Карло знае како во реваншот против 11-та на Симеоне. Реализација на шансите би бил добар почеток.