Парична казна за најслабите тимови

Како да не е доволно лошо тоа што тимот ќе заврши на последното место во лигата, челниците на Фудбалската федерација на Сингапур решија да воведат и парични казни за најслабите екипи.

Сингапурците продолжуваат да не изненадуваат со нивните чудни фудбалски закони. Минатиот месец пишувавме за откривањето на местачите помеѓу фудбалерите во Сингапур со помош на детектор за лага, а денес од оваа земја ни доаѓа нова чудна вест.

Челниците на сингапурската лига решија да воведат дополнителна мотивација за клубовите па така освен тоа што ќе испаднат од лига, најслабите клубови ќе треба да платат и казна. Последнопласираниот тим, односно 13-то место на табелата носи казна од околу 32.000 евра, а екипата која ќе заврши на 12-та позиција ќе плати казна од околу 19.000 евра.

Се надеваме дека ќе ги мотивираме клубовите да работат подобро. Сакаме секој да даде се од себе и лигата да ја направиме поинтересна", изјави Лим Чин, првиот човек на С-лигата.

6 ноември 2012 - 13:14