Група Е
Челзи-Стеауа
Шалке-Базел
Бекот на македонската фудбалска репрезентација, Даниел Георгиевски вечерва ќе ги заврши настапите на европската сцена на гостувањето на „Стемфорд Бриџ" каде се очекува тимот на Мурињо да ја потврди првата позиција во групата. На вториот дуел Шалке ќе мора да оди на победа за да патува во осминафиналето, во спротивно Швајцарците ќе се радуваат.
Табела: Челзи 9, Базел 8, Шалке 7, Стеауа 3
Група Ф
Наполи-Арсенал
Олимпик Марсеј-Борусија Дортмунд
Најтешките комбинаторики ги имаат Наполитанците кои ќе треба да го торпедираат премиерлигашот со три гола разлика ако сакаат да станат осминафиналисти. Арсенал оди понатаму со реми, но и со пораз од 2:0. Минатогодишниот финалист ќе оди на 3 бода на гостувањето кај отпишаниот Марсеј каде се очекува да завери билет за осминафинале. Доколку Борусија триумфира во Франција, Наполи со евентуална победа од три гола разлика ќе биде прв на табелата.
Табела: Арсенал 12, Борусија 9, Наполи 9, Олимпик 0
Група Г
Атлетико Мадрид-Порто
Австрија Виена-Зенит
Во групата Г очите ќе бидат вперени во Мадрид каде Порто ќе има тешка задача затоа што ќе му треба триумф над силните момчиња на Диего Симеоне кои релаксирано влегуваат во дуелот. Ако Зенит триумфира во Виена, победата на Порто ќе значи елиминација од Лигата на шампионите.
Табела: Атлетико 13, Зенит 6, Порто 5, Австрија 2
Група Х
Милан-Ајакс
Барселона-Селтик
Битка за втората позиција ќе се води и во групата Х, а директниот дуел ќе се води на „Сан Сиро". Милан е во поповолна ситуација затоа што и со бод ќе патува во осминафинале. Лесна задача ќе имаат Каталонците кои се очекува да освојат лесни бодови за сигурно прво место во групата.
Табела: Барселона 10, Милан 8, Ајакс 7, Селтик 3
Играјте за сеир, престиж и подароци и типувајте ги последните осум битки од групната фаза во ЛШ на Типстер.