Наполи славеше на гостувањето кај Лацио со 2:3 во 14-то коло, а голем дел од заслугите одат кај нашиот довчерашен капитен и тоа токму на неговиот 300-ти настап во Серија А против Лацио, тимот за кој што настапуваше пет години и каде што тој се уште фигурира во клупската историја како седми најдобар стрелец.
Наполи поведе во 24-та минута со голот на Игуаин, но само по една минута Лацио израмни откако Бехрами си постигна автогол.
По пет минути игра во второто полувреме Наполи повторно дојде во водство со голот на Горан Пандев. Македонскиот интернационалец најдобро се снајде во шеснаесетникот и од свртување ја затресе мрежата на Маркети.
Во 72-та минута Пандев со одлично додавање го пронајде Игуаин кој го постигна својот втор погодок вечерва.
Две минути подоцна Пандев беше заменет, а од теренот беше испратен со свирежи и скандирања од страна на навивачите на Лацио чиј гнев го навлече уште минатата година.
На две минути пред крајот Кеита намали на 2:3 и Лацио нападна со сите сили за да освои бод, но ваквиот обид беше казнет од Каљехон кој во првата минута од судиското продолжение ги постави конечните 2:4.