Од мрза што јадеше пица и играше Сони, до кандидат за Златна топка

Педагогијата е исклучително важна и за тренерската струка. Усман Дембеле, францускиот репрезентативец долги години важеше за еден од најголемите европски таленти. Барселона за него на Борусија Дортмунд ѝ плати преку 100 милиони евра но залудно. Тој ништо не покажа на „Камп Ноу“. Западнал во летаргија, се поправил а го обвинуваа дека водел нездрав живот, цела ноќ играл Плејстејшн со другарите и јадел брза храна.

Кога дојде во ПСЖ, Луис Енрике го зема под свое. Сезонава е најзаслужен за дури ЧЕТИРИ пехари на Парижаните. Освоија првенство, Куп на Франција, Лига на шампиони и Лига Куп на Франција.

Усман учествуваше со вкупно 33 гола и 15 асистенции на 49 натпревари. Енрике после големото финале на Лига на шампиони кога ПСЖ првпат во историја го освои пехарот откако со 5:0 го згроми Интер, изјави: „Дајте му наградата Златна топка на Дембеле“.

После натпреварот Усман Дембеле ја доби наградата за најдобар играч на сезоната во Лига на шампиони:

Погледнете го пресингот кој го играше против Интер:

ПСЖ е нов европски шампион, Интер разбиен со 5:0!

Сеќавање на малата ќеркичка, солзи и среќа на Луис Енрике

Париз пак личеше на војна по финалето на Лига на шампиони

Камерите не покажаа парола за Палестина во финалето на ЛШ

2 јуни 2025 - 09:35