
Финале на Лига на шампиони
ПСЖ - ИНТЕР 5:0 (2:0)
/Хакими 12', Дуе 20', 64', Кваратцхелија 73', Мајулу 87'/
Парижаните предводени од сјајниот Луис Енрике освоија историска тројна круна. На титулата во домашно првенство и на Купот на Франција му ја дадоа и најслатката круна: пехарот во Лига на шампиони.
ПСЖ го разби Интер како никој никогаш. Европа на тој начин доби уште една престолнина со европски шампион после Амстердам, Букурешт, Лисабон, Лондон, Мадрид и Белград.
Иако неутралните гледачи очекуваа неизвесен и драматичен натпревар, екипата од францускатра престолнина уште од почеток стави до знаење кој ќе шефува со теренот на преполната „Алијанц Арена“ во Минхен.
Парижаните имаа апсолутна доминација од почеток до крај на мечот за што говори и поседот на топка и шутевите кон противнички гол.