Париз пак личеше на војна по финалето на Лига на шампиони

Славјето на улиците на француската престолнина повторно беа како воена зона, синоќа после финалето на Лига на шампиони каде Пари Сен Жермен славеше убедлив историски триумф од 5:0 против Интер.

Голем број градски плоштади и улици во Париз синоќа личеле на војна во која војувала толпата која прославувала шампионска титула на ПСЖ и полицијата од друга страна.

На многу локации хулиганите запалиле возила па интервенирала и пожарната служба. Толпата го демолирала центарот на градот и била насилна кон полицијата пред, за време и по натпреварот ПСЖ - Интер.

Натпреварот се гледал на видео бимови кај стадионот на ПСЖ „Парк на принцовите“ каде за безбедноста биле присутни повеќе од 5.400 полицајци под полна опрема. Таму настанале најголемите нереди а уапсени биле повеќе од 130 лица.

Навивачите фрлале каменици и пиротехника кон полицајците кои возвраќале со солзавец.

1 јуни 2025 - 08:41