Ова е ПСВ

Го формираа работници на фабриката Филипс во 1913-та, а денеска со него се гордеат околу 340.000 жители на Ајндховен. Клубот стана 22-кратен првак на Холандија и европски шампион во 1988 година. Дресот го облекога играчи како Роналдо, Ромарио, Куман, Гулит, Стам и Ван Нистелрој, а фудбалската приказна за ПСВ најдобро ќе ви ја раскажат навивачите, играчите, тренерот Коку, туристичкиот водич на стадионот и човекот кој се грижи за нивната опрема.

Дека овој клуб има навивачи со сенс, покажува следниот нивен гест кој го спремаат за вечерва. Во првото коло од ЛШ им гостуваше Манчестер Јунајтед кој си замина дома скиснат, со пораз и со повредениот Лук Шо кој ќе паузира 9 месеци. За ужасната повреда на ногата е одговорен Ектор Морено кој му се извини на Шо, а поддршка за неговото брзо закрепнување ќе добие и вечерва на Олд Трафорд од навивачите на ПСВ

25 ноември 2015 - 17:02