Новиот дом на Манчестер Сити

Манчестер Сити започна со изградба на најмодерен фубалски центар веднаш до стадионот Итихад каде во иднина ќе биде сместен тренинг центарот на првиот тим и клупската академија за млади фудбалери.

Целиот комплекс ќе биде распространет на површина од 80 ари и неговата изградба ќе чини над 120 милиони евра.

Тренинг центарот се наоѓа веднаш до стадионот Итихад и овие два комплекси ќе бидат поврзани со мост.

На него ќе има 16 фудбалски игралиште и стадион за младинските и резервниот тим со капацитет од 7.000 гледачи.

Академијата ќе биде дом на 400 членови, а 200 ќе посетуваат и училиште.

Челниците на Манчестер Сити посетиле над 30 тренинг академии во целиот свет пред да ги финализираат плановите за изградба.

14 септември 2012 - 19:01