Гостинскиот пораз на Манчестер Сити од Кристал Палас, значеше пад на четврто место и сега тимот на Пелегрини има 61 бод, зад Манчестер Јунајтед и Арсенал кои имаат 62 и 63 бодови и лидерот Челси кој води со 70.
Тие што играат „кец у два“ односно Манчестер Сити да губи на полувреме и потоа со пресврт да победи на гости или пак тие што ставаат пари во живо на Сити во второ полувреме на гостински терен, нека не ги фрлаат повеќе парите во вода.
Манчестер Сити синоќа на полувреме губеше 1:0, а на крајот загуби со 2:1. Тоа не е ништо ново, бидејќи статистиката покажува дека тие не можат да победат натпревар, ако губат во првите 45 минути на гостински терен.
Тоа им се случува во последните 20 години или на точно 86 гостувања.